„Гласајте. Ова треба да бидат последни избори“, апелираше поранешниот премиер и актуелен лидер на ГЕРБ, најголемата политичка партија во Бугарија, Бојко Борисов.



Според него, нема да се појави ништо подобро на десниот политички спектар од ГЕРБ.

Тој вели дека очекува ГЕРБ и во следниот парламент да нема целосно мнозинство и ќе мора да бара коалициски партнери, подавајќи повторно рака на ПП-ДБ на ко-претседателот Кирил Петков.

Вели дека не му е јасно зошто треба да се одржат избори откако ГЕРБ сакаше да ја преземе целата одговорност.

За нас овие избори мора да бидат корисни, повеќе не може да се прават компромиси, рече категорично Бојко Борисов, според Њуз.бг.