Борбата против сајбер хибридните напади е заштита на суверенитетот на државата

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на напредна симулациска вежба базирана на сценарио за сајбер напад.



Денеска имавме би рекол вежба каде што беше симулиран сајбер напад на дел од институциите на државата и потоа нормално носење одлуки од страна на Кризниот штаб во Владата, што треба да се преземе и мислам дека од сето ова може да се извлече само позитивна поука и да сето тоа кога, не дај боже, се случи да знаеме како да реагираме и кои се чекорите коишто треба да се реагираат како Влада, порача Мицкоски.
 – Ние имаме една чудна состојба, имаме recovery, секундарна заштита, односно Центар на податоци или познат како Дата центар, којшто практично служи за поврат на изгубените податоци при сајбер напад, а немаме примарен дата центар и најголемиот дел од институциите и серверите користат outsourcing и така се штитат. Односно, да бидам попрецизен, секој се штити како знае и како умее, а не е тоа организиран пристап.
  
Имаме фокус тука ставено да се создаде еден таков примарен центар на податоци или дата центар којшто потоа ќе биде нормално заеднички и поврзан со институциите на државата и ќе можеме на едно место, на една точка и да бидеме поефикасни. 
И сето тоа е во рангот на приоритетите исто како целокупната безбедност во државата. Така што, мислам дека во периодот којшто следи имаме и тука голем еден предизвик, тоа е веќе ставен во приоритетите на Планот за раст којшто очекуваме и финансирање и помош од страна на Европската Унија. Така што, сето ова е дел од безбедноста на државата и ние како Влада имаме одговорност да таа безбедност ја обезбедиме, бидејќи на тој начин го штитиме суверенитетот на Македонија како држава, рече Мицкоски.