Едно лице е повредено откако во двор од куќа во скопската населба Ќерамидница откако во 9,20 часот претпладнево била фрлена експлозивна направа, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Повреденото лице Р.Т. било пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Медиуми дознаваат дека бомбата, наводно, била фрлена врз домот на Раде Трајковски – Штекли.
Ова е трет напад врз Штекли чиј дом се наоѓа зад трговскиот центар „Ист гејт“, каде што тој два пати беше мета на напад.






