Суперѕвездата на светската атлетика потврди во кои дисциплини ќе учествува на претстојното Светско првенство во Лондон, што ќе биде неговото последно пред завршување на славната кариера.
“Целта ми е да дојдам до две победи во Лондон. Сакам да си заминам како победник. Ќе трчам на 100 метри и во штафетата 4 пати по 100 метри”, објави пред медиумите осумкратниот носител на златни олимписки медали и 11. кратниот освојувач на најсјајни одличја од светските првенства.
Светското првенство во Лондон ќе се одржи помеѓу 4. и 13. август. Финалето на “стотка” е во вториот ден од шампионатот, а следната сабота е завршната трка на машката штафета, која треба да означи крај на кариерата на Болт.
Јамајкански спринтер победи во најкусата делница во јуни на домашен терен со слаб резултат 10.03 секунди и тоа пред 30 илјади гледачи во Кингстон. Потоа тој се збогува со публиката и на, нему омилениот митинг “Златен шпаик” во Острава, но повторно со време од 10.06 секунди, кое не импресионира. Пред Лондон, Болт ќе трча уште на последниот митинг од Дијамантската лига во Монако, и тоа одново, во натпревар на 100 метри.





