Усаин Болт победи во трката на 100 метри на митингот од Дијамантската лига во Монако и што е поважно за јамајканската атлетска ѕвезда, тој се симна под 10 секунди во официјален натпревар сезонава. Болт во последниот настап пред Светското првенство синоќа истрча 9.95 и зад себе ги остави Американецот Ајзеа Јанг и Јужноафриканецот Акани Сибине за 3 односно седум стотинки. Болт на атлетскиот мундијал во Лондон од 4 август е пријавен за трките на 100 метри и за штафетата 4 пати во 100 метри.
https://youtu.be/cgAPsnA9Gr0




