Божиновска: Наследивме многу проблеми во енергетиката, тоа е голем предизвик

Конечно Македонија доби Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и тоа е голем предизвик и енергетиката не е нешто што е краткорочно, вели министерката за енергетика Сања Божиновска во интервју за РСЕ.



“Наследивме големи проблеми во сите енергетски сектори и моментално работиме на изработка на Законот за енергетика и секако тука сме во зимскиот период. Значи најмногу фокусот е на обезбедување на електрична енергија за граѓаните. Правиме стратегии, краткорочни и долгорочни. Краткорочните се фокусирани на рударскиот комбинат РЕК Битола и снабдување на јаглен и ангажирање на сите енергетски капацитети.

Додека долгорочните е правање на нови капацитети. Крајот на минатата година потпишавме скоро 100 мегавати за изградба на зелена енергија и се надеваме дека ќе продолжи ова и понатаму”, додава Божиновска.

Погледнете го целото интервју тука.