„Можеби Господ ги донесе така работите за изнаоѓање решение за прашањето со името“, изјавил Зоран Заев, како што пренесува грчката телевизија „Алфа“ во најавата за интервјуто со македонскиот премиер кое ќе биде емитувано на 8 јануари во 20 часот по грчко време.
Македонскиот премиер, говори за името, за очекувањата ова прашање да се реши во првите шест месеци, за грчкиот колега Алексис Ципрас и министрите Каменос и Мицотакис.
Интервјуто кое грчката ТВ го нарекува „Божикно обраќање“ ќе било истовремено пренесувано и од една македонска телевизија, јави дописникот на МИА од Атина.
„Во првото интервју дадено за грчки медиуми, ја повторува намерата да придонесе во преговорите со заемни отстапки зоколу прашањето за името на пЈРМ. Обраќајќи се и кон грчкиот народ и кон народот на неговата земја, Заев вели дека е во интерес на двете земји да се најде решение за прашањето на името во првата половина на 2018 година“ објави ТВ„Алфа“ во најавата за интервјуто.






