Поранешниот директор на Националниот историски музеј и министер без ресор во кабинетот на Бојко Борисов, потпишувал бизнис-договори со ќерка му и со внуците, додека бил директор на музејот.
Комисијата за борба против корупцијата утврдила дека Божидар Димитров како вршител на должноста директор на Националниот историски музеј (НИМ), имал конфликт на интереси при склучувањето на два договори со фирмата „Акшаена -2007“ ООД во сопственост на ќерка му и на внуците си во 2015 година
Во април 2015 година, директорот на НИМ потпишал договор со компанијата за изготвување на каталог за колекција од 1.000 копии. Вредноста на договорот била 19.800 лева (10.000 евра) .
Исто така во 2015 година, Димитров потпишал и втор договор со истата компанија – за печатено издание од 1 000 примероци во вредност од 15 000 лева (7.7000 евра).





