Богоев со фотографија за состојбите во СДСМ

Поранешниот потпретседател на СДСМ кој беше и директор на Царинската управа, Стефан Богоев на својот Фејсбук профил објави фотографија на слика која  предизвика различни коментари  на социјалните мрежи кои ја поврзаа со партиската војна во рамки на опозициската СДСМ.



„И ова е добро, барем ќе се исчисти дворот. И зашто на Балканот немало кралевина, зашто сите сакале да бидат кралеви. Така и во сдсм. Секој може да биде претседател, секој може да биде пратеник, министер, директор, градоначалник, претседател на општинска и месна организација итд а да го ставиш на кантар, не тежи ни грам“, стои во еден од коментари.

„ Се треска од глава унапредувањето на кодоши и сончогледи а? Сурова реалност…“.

„Тоа е вистинската слика за жал затоа сме на ова дереџе…“

https://www.facebook.com/share/YYJaYNYJBM9GMJ4R/?mibextid=WC7FNe