Има 23 години, потекнува од Штип, играше, растеше во Романија, во Виторул, а сега е човек број 1 во Вардар. Младинскиот и сениорски репрезентативец на Македонија даде гол за надеж во Шведска, даде гол за прослава во Струмица. Вардар е во третото коло од квалификациите од Лигата на шампионите и ќе игра уште 4 европски натпревари. Идеално за сите црвено црни, а најмногу за Бобан Николов, кој имаме впечаток допрва ќе блесне.