Ковен: Ако не влезе во ЕУ Македонија ќе биде поделена меѓу соседите

На малите земји како Македонија им се потреби заштитници и исто како што Сингапур и Дубаи се потпираат на заштитата од САД така и Македонија треба да биде заштитена од надворешна сила за да си ја обезбеди својата иднина.

Ова во редовниот авторски текст за Блумберг го пишува професорот Тајлер Ковен кој предизвика силни реакции на социјалните мрежи од Грција затоа што пишува дека на почетокот на 20 век дел од земјата бил окупиран од јужниот сосед.

Професорот Ковен кој предава економија на престижниот универзитет „Џорџ Мејсон“ смета дека извонредно тешката македонска приказна не завршила така што земјата сама ја одредила својата судбина во која југословенската држава не дозволила таа да се приближи до западот.



Сепак според еден од водечмките американски интелектуалци сеуште има простор Македонија да има добра иднина, сиромаштијата е ретка а генерално населението се чини дека е среќно или барем не се чувствува мизерно. Тој е оптимист дека земјата ќе се развие во модерна нација но за тоа и се потребни најретките балкански карактеристики: политичка стабилност и подобри економски политики.

Во врска со стабилноста Коен смета дека доколку влезе во НАТО и ЕУ земјата и покрај лошите 100 години зад неа има шанса со соодветен заштитник да има фантастична иднина. Во спротивно предвидува можен распад на земјата.

„Доколку Македонија остане надвор од ЕУ тоа може да донесе до експлозија на Балканот. Не е тешко да се претпостави дека во иднина ќе биде таргетирана и ќе се соочи со различен притисок од Русија, Србија, Бугарија, Албанија и Грција и тоа во непозната комбинација.

Со оглед на тоа што независна македонска држава постои само неколку децении во последниве неколку века, нејзиното постоење не може да се смета за гарантирано“, смета професорот, кој е вџашен од „еклектичната архитектура на Скопје, прекрасните манастири и Охридското езеро.

Како и за сите свои други колумисти Блумберг во фуснота пишува дека ставовите на Ковен не ги одразуваат позициите на редакцијата и на сопствениците на медиумот.