Мигрантите од Блискиот исток и Африка отворија нова рута низ Балканот, во очајниот обид да стигнат во некоја богата земја од западна Европа.



И за чудо, овој „пат на смртта“ не поминува низ Македонија.

Според некои балкански медиуми, се работи за таканречената „јужна мигрантска рута“ и по неа мигрантите од Грција илегално се префрлуваат во Албанија, оттаму во Црна Гора, па потоа влегуваат во БиХ некаде кај Требиње во Република Српска. Потоа сосем јавно патуваат со автобуси кон Велика Кладуша или Бихаќ за да преминат во Хрватска и на запад кон Словенија од каде им се отвора патот кон „западниот рај“.

Станува збоор за мигранти главно од северна Африка, но има и одреден број Сиријци, Пакистанци и Авганистанци. Поради тоа што мигрантите главно патуваат пеш, главно ноќе, по тежок и непристапен терен среде зима, во не мал број случаи доаѓа до трагедии на какви што бевме сведоци и овде во земјава пред некоја година.