Емир Селимовиќ, кој е во бегство, е осомничен дека синоќа ги убил сопругата и 13-годишниот син.
Обвинителството на кантонот Тузла (ТК) го објави грозоморното двојно убиство во Калесија,БиХ од кое е потврдено дека смртта на 37-годишната Инела Селимовиќ и на нејзиниот 13-годишен син била предизвикана од задушување, а наредена е обдукција, објави порталот Кликс.
Не се знае дали Селимовиќ, по кого трага полицијата, е вооружен.
„Синоќа полициски службеници од Управата за внатрешни работи на кантон Тузла, ПС Калесија, по пријава и со одобрение од кантоналниот обвинител и од судијата на Општинскиот суд, насилно влегле во стан во Калесија каде што пронашле безживотни тела на жена и на дете“, изјави портпаролката на Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла, Аднана Спречиќ.
„Човекот, осомничен за двојно убиство, во моментов е во бегство и по него се трага“, се вели во соопштението на Обвинителството.
Не се знае дали е вооружен.






