Двајцата претседателски кандидати во првата ИЕ, Бујар Османи од „Европскиот фронт“ и Арбен Таравари од коалицијата „ВРЕДИ“, неделава се „судриле“ од далечина во врска со последните случувања во земјава, политичката сцена особено по изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека како дел од идната Влада ја претпочита албанската опозиција.



„Некои партиски лидери им се молат навечер на оние што ги навредуваат преку ден“ – беше објавата на Арбен Таравари на Фејсбук.

Можеби, како што пренесува КланМ, ова се однесува на изјавата на Мицкоски дека ДУИ праќа емисари да преговараат за идната влада, пишува tvklan.mk

„Не плашете се Арбен, нема да го земеме Мицкоски, ја бараме довербата од граѓаните“ – беше реакцијата на Бујар Осман на Фејсбук.

Мицкоски , да потсетиме изјави дека дел од идната влада ќе биде и коалицијата ВРЕДИ, истакнувајќи дека не го слушнал прашањето за уставните измени како услов од албанската опозиција.