Битката за спас на јавниот обвинител Марко Зврлевски продолжува утре кога СДСМ ќе се обиде да ја забрза процедурата за негова смена и за именување на негов наследник а ВМРО – ДПМНЕ ќе се обиде да ја опструира одлуката за негово заминување.
Најдраматичната и најжестоката одбрана на еден македонски јавен обвинител во историјата на независна Македонија се должи на улогата на неговиот наследник во резултатите на локалните избори закажани за 15 септември.
Доколку владеачкото мнозинство успее да именува нов јавен обвинител може да се очекуваат нови кривични пријави пред изборите кои што можат драматично да го нарушат рејтингот на ВМРО – ДПМНЕ на изборите.
Доколку биде избран нареднивте денови, новиот јавен обвинител ќе има доволно време да започне предистражни постапки дури и обвиненија против членови на ВМРО – ДПМНЕ кои што би биле осомничени за инволвираност во криминал.
Новиот јавен обинител во својата работа ќе може да ги користи сите информации кои што во својата работа ги користело Специјалното Јавно Овинителство а кои што не се добиени со прислушувањето.
Според законот за СЈО оваа инситуција по истекувањето на својот мандат нема ингеренции да поднесува нови обвиненија ниту пак може своите наоди поврзани со прислушуваните материјали да ги даде на други институции вклучително и на ОЈО кое што според договорот од Пржино нема право да постапува по нив.
Затоа во игра се две сценарија за користење на наодите на СЈО од страна на ОЈО односно на новиот јавен обвинител ако биде избран пред локалните избори.
Според едната можност СЈО нема законска пречка со ОЈО (Основно Јавно Обвинителство) да ги сподели сите информации за сторен криминал кој што не е поврзан со прислушувањето, а таков според добро информирани извори има многу. Дури, СЈО како и сите други институции, има законска обврска до надлежните да ги достави сите информаци до кои дошол во останатите предмети кои што ги истражувал.
Доколку постои правна пречка Другото сценарио е дел од овие наоди на СЈО да бидат лиферувани до медиумите по што ОЈО ќе започне постапки по допрен глас од јавноста а ќе има право од сите други институции меѓу нив МВР и СЈО да бара податоци за кривични дела.
Во двата случаи новиот Јавен Обвинител ќе има речиси подготвени материјали и сосема доволно време за започнување на постапка која што ќе инволвира високи членови на опозицијата со што ВМРО – ДПМНЕ ќе претрпи уште еден силен удар пред локалните избори.





