„Еве јас им тврдам дека останувањето на СДСМ на власт, во март 2025 година ќе донесе минимална плата од 30 илјади денари за синдикатите, тогаш кога ќе влезе во употреба новиот општ колективен договор“ изјави вицепремиерот и коносител на листата во ИЕ2 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Фатмир Битиќи.



Во синоќешната дебата на „Само вистина“  тој тврдеше дека синдикатите немаат понуда од никој друг освен од СДСМ за минималец од 450 евра колку што беше побарано на протестот за време на Денот на трудот ! Мај.

Очигледно не сакаат да се врати минималната плата од времето на ВМРО, цинично нафрли Битиќи.