Болките во зглобовите се многу чести меѓу постарите лица. Може да бидат последица на различни воспалителни процеси и проследени со црвенило, отеченост, намалена функција на зглобовите, болки и чувствителност. Некои други, помалку чести симптоми на воспаление можат да бидат главоболка, недостиг на апетит, ниско ниво на енергија и болки во мускулите.
Токсините и отпадот што кружат по телото се причини за воспаление. Некои билки можат да помогнат во отстранувањто на отпадот и токсините од телото. Ќе го поттикнат работењето на бубрезите, дигестивниот систем, ќе ја зголемат циркулацијата на крвта и лимфата.
Корен на чичкa
Сите стручњаци советуваат зголемен внес на есенцијалните масни киселини. Коренот на чичкa содржи висок удел на масни киселини кои на оваа билка и даваат противвоспалителни својства. Коренот на чичкa можете да го консумирате bез претходна термичка обработка, можете да го исушите и да го додадете на јадењата или да го сварите во завроиена вода и да направите чај, супа…
Куркума
Куркумата станува се повеќе застапена во секојдневната исхрана на луѓето ширум светот. Куркумата е многу делотворна во намалувањето и превенцијата на настанувањето на хроничното воспаление. Има слично дејство како и лековите против болки, што е одлична вест за лицата што страдаат од желудочни тегоби, бидејќи куркумата нема да ја иритира обвивката на желудникот, како некои лекови против болки.

умбир
Ѓумбирот има антиревматско и противвоспалително дејство кое веќе илјадници години се користи во ајурведската медицина. Екстрактот од ѓумбир го блокира ослободувањето на воспалителните агенти во телото, а исто така може да помогне во превенцијата од настанување на хроничните воспалителни процеси во телото.





