„Лидерот на Беса -Билал Касами крши врати како Полат Алендер“, „Касами научил од Полат како да обива брави и влегува без проблем каде сака„…
Ова се дел од насловите во њус – порталите во Албанија и Косово, откако вчера Касами, после два дена борба со скопското крило кое не му дозволуваше да влезе во штабот на Беса во Т.Ц. Мавровка – конечно дојде во својата канцеларија во Скопје.
Медиумите објавуваат и фотографии од посетата на турскиот актер, кој беше главна улога во серијата „Долина на волците“ , во Македонија.
На нив Касами, како дел од оргаизацијата која го донесе славниот Полат, е негов постојан придружник : на прес-конференцијата, и на сите прошетки низ Скопје.

Дали е ова саркастичен начин на стратегијата за „буткање“ на Касами, за кого истите овие албански портали пишуваа дека е финансиран од радикалните организациите на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган?
Извесно е дека падот на Касами е неизбежен откако скопскиот, кумановскиот и тетовскиот огранок на движењето Беса се откажаа од него и го поддржаа т.н. нов претседател, Неџбедин Каремани.
Скопското крило на Беса тврди дека странски и домашни служби се виновни за партискиот раскол кој се случува брзо откако овој политички опонент на ДУИ, за кусо време, стана втора најмоќна албанска политичка партија.





