Бизнисменот – возач на Груби преку граница е во полициската станица Карпош

Утринава бизнисменот Арсим Папранику инаку сопственик на ланецот за бела техника Нептун и трговскиот центар Ист Гејт бил повикан во полициска станица.



Причината е неговата улога во бегството на екс вицепремиерот Артан Груби.

Почесениот конзул на Косово во Македонија и влијателен бизнисмен, Арсим Папранику, се уште наоѓа во полициската станица Карпош, каде што одговара на прашања на истрагата во рамки на информативен разговор.

Папранику беше посочен како сопатник на поранешниот вицепремиер Артан Груби, додека ја напуштал државата кој Косов.

Се уште не е сосема јасно дали Папранику и Груби ја напуштиле Македонија пред спроведување на акцијата „Лотарија“ или веќе знаеле и затоа заминале кон Приштина.

Според првичните информации од МВР, бизнисменот го превезол Груби со неговото возило со дипломатски таблички.

Груби ја напуштил Македонија со албански пасош.

На Груби, пак, вчера му беше одреден притвор, а веќе е распишана и меѓународна потерница.

Според експертите ако се докажат наводите Папранику се соочува и со затворска казна

Свесно ли му помагал на бегалецот од правдата или навистина не знаел што се случува

Газдата на Ист Гејт и Нептун се соочува со затвор за помагање на Груби