„Европскиот фронт се уште не одлучил кој ќе биде нов претседател на Комисијата за социјална политика по оставката на Илире Даути. Координаторот на пратеничката група на ‘Европскиот фронт’ Блерим Беџети уверува дека кој и да дојде на таа позиција ќе продолжи да го блокира законот за бранители, како што правеше и Илире Даути.“ – објави ТВ Клан Македонија.
Во својата вест телевизијата додава:На вчерашната пленарна седница на Соранието Илире Даути поднесе оставка од позицијата на таа комисија. Во моментов заменик-претседател на комисијата е Илир Демири, исто така од „Европскиот фронт“. Според ВМРО ДПМНЕ, комисијата за социјална политика на Собранието треба да продолжи да работи, и покрај оставката на Илире Даути.





