Ваква порака му испрати Блерим Беџети, пратеникот од редовите на ДУИ, на експремиерот Артан Груби вчера во емисијата „Дејли Клик“ на ТВ21.
„Јавно го повикувам Артан Груби во име на партијата но и од мое име да се појави пред органите на правдата за да се соочи. Значи, станува збор за случајот со Државна лотарија, а не за црната листа на САД, тоа е нешто друго.
Како и секој граѓанин, носител на јавна функција која му била дадена, нека дојде, и дали е чист или направил прекршување на законот, ќе утврдат уставно-правните тела. Посакувам исто така да се соочат и друите“, рече Беџети.






