Англиските медиуми деновиве пишуваа дека со се поизвесното доаѓање на Килиан Мбапе во Реал Мадрид ќе се создадат услови за заминување на Герет Бејл во Англија. Најподготвен да го дочека назад велшанецот беше Манчестер Јунајтед, кој немаше да штеди и веројатно се поставуваше нов островски рекорд, но од тоа нема да има ништо.
Герет Бејл по ниедна цена не го напушта Сантијаго Бернабе, па дури и да се засили конкуренцијата со доаѓањето на Мбапе, јавуваат извори блиски до напаѓачот. Напротив актуелниот член на белите бил радосен околу трансферот на колегата на Монако и сака да заигра со него.
Бејл веќе четири години е во Реал Мадрид, но не се изнаигра во освојувањето на двете титули во ЛШ и во Примера бидејќи во неколку наврати подолго беше повреден. До сега во белиот дрес 28 годишникот одигра 100 натпревари и има 54 гола.





