Медицински сестри остануваат без продолжени догoвори за работа. Не им било кажано да не доаѓаат на работа, финансиска согласност за јануарската исплата немало, од Унијата на медицински сестри велат дека станува збор за висококвалитетни и стручно-обучени медицински сестри и техничари.

Итно вработување на медицински сестри и техничари што со години работат без здравствено и пензиско осигурување, побара Гордана Бешлиовска, претседателка на Унијата што ја предводи Здружението на медицински сетри, техничари, акушерки и стоматолошки сетри „За нас“. Посочи дека 120 нивни колеги, кои шест или седум години работеле со договор на дело, останале без работа откако Општата болница Припел еднострано им ги прикинала договорите за работа, а на нивно место дошле нови кадри.
Поради тоа, некои од медицинските сестри биле приморани да бараат работа по бутици. Според неа, на медицинските сестри и техничари не им било кажано да не доаѓаат на работа, туку дека нема финансиска согласнот за нивната јануарска плата.

- „Ние апелираме дека треба да има начин на којшто ќе им се испочитува овој стаж на медицинските сестри и веќе еднаш да им се реши статусот. Ако сега со ова отпуштање се направат нови конкурси и повторно не бидат вработени-тие шест/седум години биле во болниците со исти одговорности како и сите други. Никогаш во болниците не можете да ги препознаете и да видите која е на договор на дело, која е во редовен работен однос,“ рече Гордана Бешлиоска.
Според Унијата на медицински сестри, поранешното раководство на болницата никогаш не побарало надополнување на кадарот. Ваква голема бројка на здравствени работници, според претседателката на унијата е недозволиво да се држи со години на договори на дело, а да не се испланираат во систематизацијата.





