Бетмен Велит открива што има во стенограм од штабот на нашиот претседател (КОЗЕРИЈА)

Авторот на шоуто со Богдан Илиевски на ТВ Алфа познат како Бетмен Велит открива што има во стенограм од штабот на нашиот претседател.



Во својата козерија Илиевски открива како се случило штабот на Пендаровски да организира митинг пред Универзалната сала која и пред и по пожарот е симбол на неспособноста на власта да изгради било што.

Посебна тема за Бетмен Велит е што Пендаровски кој постојано зборува за руски врски на ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова својот митинг го организирал во рускиот парк среде Скопје.

,,Стенограм од состанок во штабот на нашиот претседател:

-Абе, кај да правиме собир со 31 човек денес?
-Што знам… стварно не знам каде во Скопје, мал град е…
-Ми текна! Во Рускиот парк, кај тазе изгорената Универзална сала!
-Генијално! Идеално! Одиме таму!

(на дрвените тараби, од лево на десно: Велики Новгород, Сочи, Владивосток, Ростов-на-Дон, Волгоград)”, пишува Илиевски.

Зошто Пендаровски од толку локации во Скопје ја избрал оваа која асоцира на распад знае само тој.