Министерот Бујар Османи издал и наредба веднаш, уште денеска, на Ејупи да ѝ биде изготвен дипломатски пасош, нешто за што вообичаено се потребни најмалку 15 дена, дознаваат медиуми.



Османи потпишал решение поранешната ТВ-презентерка Бесмира Ејупи да стане дипломат во конзулатот во Бон, Германија.

Поранешната ТВ презентерка Бесмира Ејупи, која пред две години беше предлог за конзул во Њујорк, но поради бурните реакции во јавноста, остана во Македонија

Од МНР потврдија дека Ејупи ќе биде испратена таму „на испомош“, поради зголемен обем на работа имајќи предвид дека кон Македонија ќе тргнат иселеници на кои им се потребни патни документи.

Додаваат дека во некои козулати времено се испразнети работни места поради годишните одмори и други отстуства и дека има потреба од испомош.

Oд Македонскиот дипломатски синдикат реагираат дека е некоректно и кон колегите, но и дека е политички некоректно на десетина дена пред доаѓање на нов министер, министерот во заминување да носи одлука за тоа кои диполмати се соодветни за одредени места.