Водечки политичари во Берлин и Будимпешта влегоа во јавен конфликт околу прашањето за влезот на Украина во ЕУ.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан вели дека Унгарија не се согласува со планот на Брисел затоа што Украина не ги исполнува основните услови за влез во Унијата.
Во брзиот одговор што дојде од Берлин потенцијалниот иден шеф на германската дипломатија Јохан Вадефул го обвинува Орбан дека со ваквиот наратив му дава бланко чек на Путин.
,,Брзање за влез на Украина во ЕУ? Тоа е план на Брисел, а не наш.
Тие сакаат да примат земја со:
❌ нема јасни граници
❌ нема функционална економија
❌ нема суверенитет
И тие очекуваат даночните обврзници на ЕУ да финансираат милионска армија со децении.
Ова не е мир. Тоа е бланко чек за бескрајна војна”, вели Орбан во интервју за унгарски подкаст.
Во одговорот од Вадефул се вели дека позициите на Орбан не можат да бидат заедничка основа од која ќе се води Брисел.
Тој го обвинува Орбан дека му дава бланко чек на Путин кој е виновен за сите три спорни прашања со кои се соочува Украина.
,,Да бидеме појасни: ова не може да биде заедничка основа. Сите ❌ се последици од нелегалната војна на Русија. Не му давајте на Путин бланко чек!”, пишува Вадефул.
Секоја одлука за влез на Украина во ЕУ мора да биде прифатена и од Будимпешта.
Преходно Орбан рече дека не може земјите од Западен Балкан да влезат во ЕУ по Украина.
Јавната преписка на овој линк
https://x.com/JoWadephul/status/1913565582319853819?t=i4Kxiy0wwc_JQv8RlKijoA&s=19





