Бериша до Бујар: Фантазираш дека ќе бидеш претседател во стилот „фали ме усто, инаку ќе те расчепам“, но нема да успееш!

„Бујар Османи, не фантазирај дека ќе победи некој албански кандидат, ниту ти, ниту Арбен Таравари во трката за претседател на државата, бидејќи за него гласаат сите граѓани на директни избори, а не само членовите и симпатизерите на ДУИ. Сите знаеме дека 100 проценти нема да победиш. Тоа го знаеш и ти сам, но не сакаш јавно да признаеш. Затоа, Бујар, помалку фали се со твоите големи постигања во политиката и дипломатијата, препушти им на други да зборуваат за тоа, оти тие можат да бидат посериозни и поубедливи, ако зборуваат за тоа, одошто ти. Ти самиот толку многу се фалиш себеси согласно со народната поговорка ‘Фали ме усто, инаку ќе те расчепам!’ Ти можеби како министер за надворешни работи и како политичар и си направил нешто, но само за себе и за твојата партија ДУИ, но не и за албанските граѓани! Вие, како политичка партија ДУИ јавно побаравте изборот на претседател да се врши во Собранието, но овој ваш предлог, како и многу други, остана залуден. Знаете ли зошто, Бујар? Затоа што стилот и методите на дејствување на ДУИ се несериозни и тие се главно за внатрешна политичка употреба.“ – вели Ејуп Бериша, политиколог и поранешен советник на еден поранешен претседател на Република Македонија. Овие свои ставови Бериша ги изнесува во колумната со наслов „Бујар Османи, политичарот, кој цело време се фали самиот себеси и сака да биде претседател на Републиката“, која ја објави весникот на албански јазик „Бота сот“ од Косово.



Во колумната Ејуп Бериша му порачува на Бујар Османи: Разбуди се од сонот и спушти се со нозете наземи. Ти порачувам и ти предложувам нешто, што е важно: ти треба еднаш веќе да ја разбереш објективната и политичката реалност,во која се наоѓаме ние, Албанците овде каде што живееме во однос на изборите за претседател на Републиката. Бујар, ако си министер за надворешни работи на Р*В, тоа не е показател и гаранција дека ти можеш многу лесно и автоматски да бидеш избран, или оти ќе станеш претседател на Републиката. Во ред е твојата голема и огнена желба по секоја цена во да победиш во претседателската трка.

Но, кога ги имаме предвид условите и начинот на изборот, тогаш ќе се согледа дека нема никаква гаранција дека ќе победите како Албанци ниту ти, ниту твојот противкандидат Арбен Таравари. Бујар, јас сфаќам дека од резултатот на овие избори зависи твојата идна политичка кариера. Но, јас, ти и сите ние, школувани и политички образувани граѓани знаеме дека овде претседателот на Републиката се избира на директни избори со тајно гласање на граѓаните на Р*М.

Значи, за вашата голема и жестока желба за победа на претседателските избори, твоја и на ДУИ,  не одлучувате ниту ти, ниту твојата партија, ниту бирачите, кои ќе се решат да го дадат својот глас за тебе на денот на изборите. Не одлучуваат ниту политичките договори меѓу лидерите на главните политички партии кој ќе биде избран како шеф на државата. Оваа практика функционираше совршено неколку пати во Р*М: тоа беше пресудно за изборот на албанскиот министер за одбрана, за изборот на претседател на парламентот како и за изборот на првиот албански премиер. Но, тоа нема да може да се спроведе и за изборот на првиот албански претседател на Републиката: тој не се избира во Парламентот, туку на директни избори.

Ако би се избирал претседателот во Парламентот од страна на пратениците, тогаш би ги разбрал твојот личен ентузијазам, како и ентузијазмот на ДУИ, да бидеш избран ти како шеф на државата. Но, тука решавачки чинител да се осигури победата како претседател  се гласовите на граѓаните на Р*М.

Бујар, сите овие не се членови и симпатизери на ДУИ, ниту се твои симпатизери, туку тие се членови и симпатизери на повеќе политички партии. Секоја од тие политички партии поодделно ја посакува и ја очекува победата на својот кандидат на претседателските избори. На тие избори не учествуваш само ти, туку и пет други можни кандидати за претседател, а нивните партии не прават кампања и не повикуваат да се гласа за тебе.

Трката за претседателските избори е остра и нема место за надеж и ентузијазам, ниту за фантазирање дека ќе победи некој албански кандидат, бидејќи се потребни многу гласови за избор на претседателот. Затоа, Бујар, прави кампања, учествувај на тие избори, но позицијата претседател нема да ја обезбедиш. Тоа го знаеме 100 проценти сите ние, тоа го знаеш и ти сам, но не сакаш да признаеш јавно.

Не дека Албанците не сакаат кандидат за албански претседател и негова сигурна победа, но таков е сегашниот начин на избирање претседател на Републиката  во * Македонија. овде кај нас. Вие, како политичка партија ДУИ јавно побаравте изборот на претседател да се врши во Собранието, но овој ваш предлог, како и многу други, остана залуден. Знаете ли зошто, Бујар? Затоа што стилот и методите на дејствување на ДУИ се несериозни и тие се главно за внатрешна политичка употреба.

Бујар, помалку фали се со твоите големи постигања во политиката и дипломатијата, препушти им на други да зборуваат за тоа, оти тие можат да бидат посериозни и поубедливи, ако зборуваат за тоа, одошто ти. Ти самиот толку многу се фалиш согласно со народната поговорка „Фали ме усто, инаку ќе те расчепам!“

Ти можеби како министер за надворешни работи и како политичар и си направил, но само за себе и за твојата партија ДУИ, но не и за албанските граѓани!