„Албанците, кои живеат во Р*М, ја трпеа Демократската унија за интеграција 21 години додека беше на власт. Оваа партија има направено какви сè не манипулации, интриги, малтретирање и насилство врз албанскиот народ. Но албанскиот народ никогаш хистерично не реагирал со хистерија кон ДУИ, поради нејзиното однесување. А ДУИ не може да го издржи ниту четири месеци местото во опозицијата, кое го заслужи!“ – нагласува Ејуп Бериша, политиколог и новинар во Албанската редакција во Македонската радио и телевизија, во својата колумна со наслов „Албанскиот народ ја трпеше ДУИ повеќе од 20 години на власт, зошто уште да ги трпи нејзините неправедни постапки и во опозицијата?“, која ја објави весникот на албански јазик „Бота сот“ од Косово.
Челниците на ДУИ мора да запаметат дека не му беше лесно на албанскиот народ, што живее во оваа земја, со нив на власт. На Албанците им беше многу тешко со таквата политичка партија, која не беше расположена да се инсталира демократија во земјата, туку таа ја инсталираше својата спротивност – автократијата, самовладеењето. Се случуваше и уште полошо: додека овие од ДУИ беа на власт ја инсталираа практиката да прават што сакаат, но и правеа што сакаат. Во повеќето случаи направија многу лоши и грди работи на штета на албанскиот народ. И зачудувачки: овие од ДУИ не се ни обидоа да дадат отчет пред овој народ за оние работи, кои ги направија на негова штета.
ДУИ се обидуваат и од опозиција да им нанесат зла и штета на Албанците! Мора да има крај на овие нивни назадни практики. Мора да има крај за се, за сето зло. Мора задолжително да се каже: Доста веќе! Албанскиот народ мора да ѝ каже „Доста е!“ на ДУИ, бидејќи се неподносливи и неоправдани сите недолични и валкани работи, кои сегашните челници на ДУИ продолжуваат да ги прават во борбата за враќање на власт по секоја цена.
Никој нема право на политичките субјекти да им го забранува, или да им го ускратува нивното законско право да се позиционираат на власт, се разбира, ако ги добијат гласовите на граѓаните на фер и чесни избори. Но, во случајот со ДУИ треба да се применуваат некои други правила и принципи. Партија, која ја загубила власта заслужено, како што е случајот со ДУИ, може и треба да се врати на власт само откако ќе даде отчет пред народот за тоа што го направила и што не го направила во времето кога била на власт. Но и откако ДУИ ќе се реформира реално и коренито.
Ако ДУИ не даде отчет пред народот и ако не се реформира, не само што не треба да има за неа место во власта, туку таа не смее воопшто и да има место во власта. Оваа порака се однесува на албанските граѓани, бидејќи тие ги доживеале и можеби ќе продолжат да ги доживуваат злата и ужасите од фактот дека ДУИ е на власт.
Албанците го доживеаја горчливото 21-годишно искуство од владеењето на ДУИ во централната и локалната власт. Нема да ги набројувам злата и ужасите, кои ги направи ДУИ, затоа што навистина ме боли главата. Затоа, додека ДУИ не даде отчет пред Албанците за периодите 2002-2006 и 2008-2023 година, кои се години на нејзиното присуство на централни и локални позиции, и ако таа иста партија навистина и радикално не се реформира, таа мора да има заслужено место во опозицијата, а никако во власта.
За ова прашање треба да одлучи албанскиот народ од * Македонија и да не ја повтори 21-годишната грешка што ја направи со ДУИ на власт.





