Белгија е првата европска репрезентација, и петта од целиот свет, која низ квалификации избори пласман на Светското првенство во Русија.
Белгијците со триумфот во Атина над Грција од 2-1, на две кола до крајот на квалификациите имаат недостижни осум бода повеќе од второпласираната БиХ во Х групата.
Натпреварот во Атина беше решен во интервал од пет минути, кога беа постигнати сите голови. Најпрвин Вертонген во 70. минута и донесе предност на Белгија, три минути подоцна израмни Зека, а конечните 1-2 ги постави Лукаку во 75. минута.
https://youtu.be/iulukbCYCTA




