Возач бил запрен вчера во Скопје поради не само што го пречекорил дозволеното ограничување на брзина, туку и затоа што управувал со возилото без возачка дозвола.
М.Е. возел со брзина од 104 км/ч на булеварот „Александар Македонски“, каде што максимално дозволената брзина е 50 километри на час
„Полициските службеници реагираа брзо и го сопреа возачот. По извршениот преглед, се утврди дека возачот, покрај што возел со прекумерна брзина, не поседуваше важечка возачка дозвола. Заради тоа, против него ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило“, велат од СВР Скопје.






