Безвизниот режим за Балканот не е доведен во прашање

Европска комисија соопшти дека петте држави од Западен Балкан и трите од Источно партнерство и понатаму ги исполнуваат условите за задржување на безвизниот режим, но предупреди дека тие мораат да направат повеќе за да останат на белата листа.



Комисијата оцени дека западнобалканските земји Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и екссоветските републики Украина, Молдавија и Грузија, направиле многу во борбата со илегалната миграција и успеале да го намалат бројот на барања за азил од нивните граѓани.

Како проблематични се издвојуваат Албанија, од која доаѓаат најмногу неосновани барања за азил од државите со безвизен режим, потоа Молдавија, која треба да ги продолжи реформите во борбата со корупцијата и со перењето пари, како и Украина, која мора итно да ги спроведе антикорупциските мерки.

Сите осум земји, пак, се повикуваат на преземање дополнителни чекори за сузбивање на организираниот криминал.