Екс вицепремиерот Артан Груби се соочува со отказ од Тетовскиот универзитет поради неразумно отсуство.
Груби кој е неколку недели во бегство поради сторени кривични дела поврзани со корупција и криминал не се појавува на работното место за што нема оправдување.
Според македонските закони доколку некој три дена не се појави на работно место и не даде лекарско или други оправдание добива отказ.
Човекот кој е на цената листа на САД овој услов за бркање од работа го остварил уште пред три недели.
Тетовскиот универзитет покренал внатрешна правна постапка за разрешување на Артан Груби, кој ја извршува функцијата доцент на Правниот факултет, насока новинарството.
Според Сафет Емрули, декан на Правниот факултет, на Артан Груби му била суспендирана работата поради вршење јавна функција до август годинава, кога се вратил на работа.
Но неговото неколкудневно отсуство поради бегство без образложение отвара можност за преземање дисциплински мерки против него, пишува порталот Журнал.мк.






