Бевме сведоци како се бираа уставни судии, јавни обвинители, партиски полтрони, вели Пешевска

Наместо дебарти и издржани законски решенија кои ќе ги подобрат реформите во судството, законите биле носени со сила изгласани по брза постапка, вели пратеничката на ВМРО – ДПМНЕ, Жаклина Пешевска. 



Според неа се она што се случува во изминатиов период, особено во последниве неколку дена е всушност резултат и сведочи токму за таквата вмешаност на политичарите и некоректноста на сите чинители.

– Бевме сведоци како се бираа уставни судии, бевме сведоци како се бираа јавни обвинители, партиски полтрони, после седум, осум години уништување на се што можеше, па колку неуставни закони се донесоа, колку го осквернавивте вие Уставот, колку национални порази вие предизвикавте во државата. Штетите што вие ги направивте некои се непоправливи и неповратливи за тие работи што вие ги предизвикавте треба да имате доблест – и посочи Пешевска на соговорничката од опозициската СДСМ во рамките на дебатата.

Пешевска цени дека опозицијата треба да има минимум достоинство, да се исправа пред јавноста и да се извини пред македонските граѓани кои беа манипулирани од нивна страна.

– Вие се најавувавте како реформска влада, вие р од реформи не спроведовте. Најголем број протести пред судии ви се случуваа во време на вашето владеење, тоа покажува како вие сте ги тргнале рацете од судската власт. Зошто ако вие толку сте ги тргнале рацете од судската власт судството заврши како „трас-трас“ судство и Луи Витон обвинителство? Па ние гледавме снимки со торбите пари каде се носеле – потсети Пешевска.