Американскиот претседател Џо Бајден вчера за Ен-Би-Си Њуз изјави дека згрешил што ги охрабрил своите поддржувачи да го направат Доналд Трамп своја „мета“, но додаде дека тој не е оној кој користи запаллив јазик, туку неговиот ривал, јави NBC news.
На 8 јули, Бајден разговаралсо некои од неговите најголеми донатори и рече:
„Имам една работа, а тоа е да го победам Доналд Трамп… Завршивме со разговорите за дебатата. Време е да го таргетираме Трамп“, рече Бајден на настанот.
Некои републиканци го обвинија Бајден за создавање клима што го предизвика обидот за атентат врз Трамп на митингот во Пенсилванија во саботата.
Бајден постојано го осудува политичкото насилство.
„Беше грешка да се користи тој збор. Мислев да се фокусирам на тоа, да се фокусирам на она што тој го прави“, рече Бајден во интервју за NBC.






