Пред заминување, сега веќе поранешниот американски претседател Џо Бајден веќе им додели правен имунитет на пет членови од неговото семејство, велејќи дека сака да ги спречи да станат цел на „неосновани и политички мотивирани истраги“, објави Ројтерс.
Претходно, Бајден го помилува синот Хантер.
Ова е воедно и последен акт што го донесе како шеф на државата.
Меѓу оние кои добија имунитет од гонење беа неговите двајца браќа, Џејмс и Френсис. Наведени се и Сара, сопругата на Џејмс, сестрата на Џо, Валери, и нејзиниот сопруг Џон.
Претседателот Џо Бајден, исто така, издаде превентивно помилувања за луѓето од неговиот тим кои би можеле да станат цел на кривично гонење под администрацијата на неговиот наследник, Доналд Трамп.
Тие го вклучуваат поранешниот претседател на Здружениот Генералштаб, генерал Марк Мили, поранешниот директор на Националниот институт за алергија и заразни болести, д-р Ентони Фаучи и членовите на Конгресот кои служеа во комисијата што го истражуваше нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година , објавија американските медиуми.
Во интервју за USA Today, Бајден откри дека му рекол на Трамп за време на нивната средба во Овалната соба веднаш по изборите во ноември дека „нема потреба да се пресметуваат, дека тоа е контрапродуктивно и не е во негов најдобар интерес“.






