„Во 1941 година, претседателот Рузвелт го искористи својот говор пред Конгресот за да ги предупреди САД и Американците дека има војна во Европа. Истото ќе го направам и сега.
Во Европа се води војна“.
Со овие зборови актуелниот американски претседател Џо Бајден, го започна обраќањето на претседателот за состојбата на нацијата.
Џо Бајден го спореди актуелниот момент со оној со кој се соочи демократскиот претседател Френклин Рузвелт во 1941 година, кога Адолф Хитлер беше на маршот во Европа.
„Сега ние сме тие што се соочуваат со невиден момент во историјата, и да, мојата цел вечерва е да го разбудам Конгресот, да го предупредам американскиот народ дека и ова не е обичен момент“, рече Бајден.
Тој инсистираше на тоа дека неговиот претходник, Доналд Трамп, му рекол на тогашниот руски колега Владимир Путин „да прави што сака“, со што ѝ овозможила воена операција на Москва во Украина.
Тој инсистираше на тоа дека Путин „нема да застане по Украина“ и дека „Украина може да го запре Путин ако застанеме зад неа и му обезбедиме оружје и средства да се одбрани“.
Бајден додаде дека помошта што треба да ја добие Киев ја блокираат „оние кои сакаат да се повлечат од нашето светско раководство“.
„Ние нема да си одиме… Нема да се наведнуваме“, нагласи Бајден.
Според него, НАТО е „најсилниот воен сојуз што светот некогаш го видел“, особено сега кога и се приклучија Финска и Шведска.
Бајден потврди дека Алијансата треба да и помогне на Украина бидејќи „историјата гледа“.





