Претседателот Џо Бајден денеска слета во Франција во пресрет на утрешната 80-годишнина од десантот на Нормандија попознат како „Денот Д“ , јави Ројтерс.
Бајден ќе помине пет дена во Франција и ќе присуствува на прославите на „Денот Д“ во Нормандија, каде што американските и сојузничките сили на 6-ти јуни 1944, извршија инвазија на француското крајбрежје која помогна да се победи нацистичка Германија во Втората светска војна.
За време на престојот, планирана е и официјална државна средба со претседателот Емануел Макрон.
Во Нормандија, Бајден ќе разговора со украинскиот претседател Володимир Зеленски за воените напори за одбивање на руските напаѓачи, изјави советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, на новинарите на претседателскиот лет за Париз.
Бајден, според Саливен, ќе говори за врската меѓу Втората светска војна преку Студената војна и создавањето на НАТО алијансата до денес, „каде што повторно се соочуваме со војна во Европа, каде што НАТО се обедини за да ја одбрани слободата и суверенитетот“.
Планирано е Бајден да се сретне и со ветерани кои учествуваа во инвазијата на „Денот Д“.






