Американскиот претседател Џо Бајден го обвини долгото патување за неговиот лош настап на минатонеделната дебата на Си-Ен-Ен.
Тој им рече на новинарите дека „не бил многу паметен“ бидејќи „неколку пати патувал низ светот“ пред дебатата, пишува Би-Би-Си..
Бајден имаше катастрофален настап на дебатата со противкандидатот Доналд Трамп.
За време на расправата тој даваше низа збунувачки одговори на прашања. Застануваше и не ги довршуваше речениците.
„Не го послушав мојот персонал… а потоа за малку ќе заспиев на сцената“, призна тој.
81-годишниот Бајден последен пат се врати од своето патување на 15 јуни, што е речиси две недели пред дебатата на 27 јуни, пишува Би-Би-Си.
Изјавите на Бајден доаѓаат во време кога во Демократската партија се појави загриженост за неговите ментални способности.






