Барселона славеше во 237. Ел Класико дуел среде Мадрид со 3-0 и во голема мера го реши прашањето на титулата во шпанската Примера лига бидејќи во моментов има 14 бодови повеќе од најголемиот конкурент Реал. Каталонците одиграа перфектно тактички, ги амортизираа нападите на домаќинот во првиот дел кога малку среќа, малку Тер Штеген, во еден миг и стативата ги спасија Каталонците кои по 0-0 во продолжението доминираа во секој поглед. Реаловите играчи не играа ништо 20 минути до резултат 0-2, а потоа беше доцна. Головите дојдоа по контрата што ја заврши Суарез (54 минута) и по пеналот на Меси (64 минута) откако Карвахал беше исклучен поради играње со рака.
По предноста Барса продолжи да игра „паметно“, да ги извлекува белите и да создава шанси од слободниот простор. Кога веќе го загуби мечот и Реал нешто одигра, но германскиот голман на линијата кај Барса беше феноменален, а во две ситуации при очигледни контакти со рака од играчи на гостите судија Санчис остануваше нем.
Точка на дуелот стави Алеиш Видал во 93 минута кога заврши акција на Меси. Ова беше меч од 17 коло во шпанската фудбалска лига по кое Барселона како лидер има 45, а Реал Мадрид остана ан 31 бод.
https://youtu.be/JOaiM2asS_8






