Унгарската екипа Ујпешт го продава Енис Барди на Леванте за 1 и пол милиони евра. Тоа е цената за капитенот и најдобриот играч на македонската млада селекција кој имаше понуди и од Штутгарт, Динамо Загреб и Видеотон, а се реши за Пиринеите и за Примера.



Барди ги мина лекарските прегледи и дефинитивно ќе биде големо засилување за тимот од Сиудат де Валенсија во сезоната во која Леванте се враќа во Ла Лига. Настапот на Барди во шпанското фудбалско првенство кое преку тимовите кои играат во него освои седум од последните осум трофеи во последните 4 години во фудбалска Европа, што е доказ за неговата вредност, само може да му помогне да напредува, а со тоа и да биде од полза за нашата репрезенатција.