Соединетите Американски Држави не поддржуваат никакво прекројување на границите на Балканот, порача заменик помошникот на државниот секретар на САД, Хојт Брајан Ји од Атина.
Во изјава за грчкиот весник Катимерини кој сугерира дека постои опасност од промена на границите во регионот Ли вели дека „промената на границите не би придонесла за безбедноста и стабилноста на регионот“.
„Границите на балканските земји се јасно дефинирани, меѓународно признати и не се прашање на спор. Промената на границите на Балканот не би придонеле за безбедноста и стабилноста во регионот“, смета Хојт Ји кој ги повикал политичарите во регионот и да се фокусираат на политичките и економските реформи кои се неопходни за евроатлантските интеграции.
Ји според едно сценарио кое се шири низ балканските дипломатски мрежи се гледа како иден амабсадор на САД во Скопје од каде што би ги координирал сите американски дипломатски активности на Балканот.






