Балканската рута е затворена, цути шверцот со мигранти (ВИДЕО)

На дневна основа по десетина, а понекогаш и повеќе обиди за нелегален премин има на македонските граници.



Нема опасност од нов мигрантски бран, но во Македонија се преземаат потребни мерки.

Вчера полицијата спречи уште еден таков обид.

https://youtu.be/HowKRVKJvV0

Според статистиките на МВР околу 250 до 300 лица месечно се обидуваат да влезат во земјава, а од јануари 2.831 лица биле спречени во обид да ја преминат државната граница, јавува „Сител“.

Најчесто тоа се лица од Ирак, Иран, Бангладеш и Сирија.