
Група повозрасни жени, жителки на Јоханесбург се решиле за бокс како начин да се ревитализираат. Тие сега користат тупаници во борба против староста и болестите. За таа цел тие двапати неделно жестоко тренираат по час и половина, а во текот на вежбањето задолжителни се и борбите.

Некои од нив имаат дијабетис, некои преживеале мозочен удар и некои дури имаат и рак на дојка, но велат дека со тренерот Клод Мафос веќе не страдаат од болестите што ги имале порано и тврдат дека сега се посилни од било кога.






