Само што ќе заврне, Скопје во секунда останува парализирано – километарски колони низ сите улици. Интензивните врнежи од дожд кои од ноќеска го зафатија главниот град очекувано го зголемија интензитетот на сообраќај по скопските улици. На речи си сите булевари и раскрсници во главниот град се создаваат колони автомобили. Очекувано, најмногу гужва има на критичните точки во центарот на Скопје и околината.

Дополнително, големите количини на дожд кои наврнаа му прават проблеми и на системот за атмосферската канализација во Скопје, па некои улици се практично поплавени. Надлежните апелираат за внимателно возење и почитување на сообраќајната сигнализација. Да се посвети внимание и на пешаците особено на автобуските постојки каде се собираат поголеми вирови.

Возачите се нервозни што не можат да стигнат навреме онаму каде што тргнале. Сообраќајот на главните сообраќајници речиси цел ден беше закочен. На булеварот Партизански одреди беше направена километарска колона од возила.





