„Европскиот фронт и ДУИ сè уште немаат никаква одлука за локалните избори. Сите партии во Европскиот фронт ќе се состанат да разговараат за тоа. Таравар: Во текот на неделата ќе бидат свикани и највисоките органи на ДУИ, за да се разговара за можната соработка со Арбен Таравари, ако излезе од Владата.“ – изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети. Ова го објавија ТВ 21 и други медиуми на албански јазик.
Телевизијата истакнува: Европскиот фронт и ДУИ сè уште не донеле никаква одлука во врска со тоа како ќе се натпреваруваат на локалните избори. Лидерот на ДУИ Али Ахмети изјави дека сите партии ќе се состанат, за да разговараат за тоа прашање. „За ова се уште не е разговарано. Ќе бидат повикани сите партии од Европскиот фронт и ќе се разгледа целата ситуација.“ – посочи Ахмети.
Ахмети рече дека ја цени одлуката на Таравари да се одвои од коалицијата Вреди.
„Сè уште не е изградена никаква стратегија. Ми се чини, Таравари рекол ‘не сум роден во владата, во моментот кога ќе стане неприфатливо, несоодветно можам да си заминам’. Но ова се прашања на Таравари, не се на ДУИ, ниту на Европскиот фронт. Тоа се внатрешни прашања, кои тој мора да ги насочува и да управува со нив.“ – укажа лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Запрашан дали има некаков договор со Арбен Таравари за локалните избори, Ахмети одговори: „Сè уште нема конечен разговор. ДУИ сè уште не ги свикала своите раководни органи. Во рок од една седмица ќе бидат свикани највисоките партиски тела, ќе се разгледаат сите ситуации.“ – нагласи Али Ахмети.






