Ахмети ја соопшти „големата вест“: Бујар Османи кандидат за шеф на државата

Лидерот на ДУИ Али Ахмети на прес-конференција денеска на прес конференција ја соопшти вчера најавената „голема вест“.



А таа е дека “Бујар Османи ќе биде претседателски кандидат на ДУИ.

Во јавното обраќање што вчера го најави, тој повика да граѓаните да се приклучат на според него, најважниот референдум во Македонија што го сумираше во реченицата „Кажете НЕ на Русија, ДА на Европа!

Тој ги повика граѓаните да изберат претседател и заменик претседател со 2/3 од гласовите, односно со двојно мнозинство, според Бадентер.