Ахмети со умот во 2001: Отпор кон непријателите и нивните зли планови против Албанците, кои сакаат да живеат без граници и обединети!

„Опасности има и натаму. Непријателите на Албанците продолжуваат да прават разни планови против Албанците. Ние ја освоивме слободата со крв, но сега треба да работиме со многу ум, исто како што беа умни нашите другари-соборци, за да напредуваат нашите земји и да ги одведеме таму каде што им е местото, за да живееме како Албанци како што сакаа нашите херои: Албанци без граници, обединети, школувани и напредни, интегрирани во сите евроатлантски структури!“ – напиша лидерот на ДУИ Али Ахмети на својот фејсбук-профил по „чествувањето во Меморијалниот центар ‘Албанска мајка’ во неговото родно село Зајас, Кичевско, по повод 43-годишнината од загинувањето на тројца косовски дејци за албанската кауза. Информација за ова објави ТВ Клан Македонија, која ја пренесе објавата на Ахмети на општествената мрежа. Во објавата тој упати дури и своевиден повик до Албанците од Македонија на „отпор кон злокобните и мрачни планови на нивните непријатели“! „Ваквите чествувања на нашите херои, кои го создадоа фронтот на отпорот и сенационалното движење на Албанците во поранешна Југославија, нека нè потсетуваат на злокобните и мрачни планови на нашите непријатели и нека нè инспирираат да ги браниме достигнувањата на нашиот албански народ!“ – порача Ахмети.



Ахмети, кој е со нозете во 2025 година, а со умот изгледа се уште во 2001 година, наметна прашање: кого тоа во во Република Македонија во овој мирнодопски период го смета како „непријатели“, па сега тие „непријатели“ правеле и натаму „опасни планови“ против Албанците“, со намера да им ја попречат „желбата да живеат без граници и обединети“?! На каков тоа „отпор против злокобните и мрачни планови на нашите непријатели“ повикува лидерот на ДУИ?!