Ахмети со нови „забрани“ за РМ: Не Кина, не, Русија, не Индија, не Северна Кореја, само Западот! –Мора да влезе во ЕУ!

„Али Ахмети рече дека Европскиот фронт е за посилни судири, кои ќе уследат подоцна, оти не е создаден само за судирот на изборите во Р*М. Тој посочи дека нема друга формула, освен тоа Македонија да стане членка на Европската унија, додавајќи дека нема повеќе враќање назад, бидејќи ‘сонцето изгрева за Албанците на Западот.“ објави ТВ 21.



Земјата мора да влезе во ЕУ, немаме ниту друга формула, ниту друго решение. Соништа сонуваат оние, кои обработуваат во нивните лаборатории архаични идеи дека можеме да имаме други алтернативи со Кина, со Русија, со Индија и со Северна Кореја. Нема повеќе враќање назад. Нашите албански преродбеници имаат речено дека сонцето за нас, Албанците, изгрева на Запад.“ – рече Ахмети.