Во изјавата, дадена за време на емисијата „Дебата плус“ во ТВ Клан Македонија, лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, објави дека потпишал нон-пејпер заедно со Арбен Таравари, Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши. Овој документ предвидува албанските политички партии да не коалицираат со оние партии, кои ги отфрлаат измените на Уставот и кои се против евроатлантската ориентација на државата.“ – објави ТВ Клан Македонија.
ТВ Клан Македонија пишува: Ахмети нагласи дека неговиот потпис е потпишан во присуство на поранешниот министер за администрација Азир Алиу и генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, а останатите го потпишале по неколку дена, со што се потврдуваат заложбите за следење на патот кон интеграција во евроатлантските структури.
„Имаме потпишано нонпејпер јас, Арбен Таравари, Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши, дека нашите политички партии нема да прават коалиција со оние политички партии, кои не ја прифаќаат промената на уставот и кои се против нашето движење на евроатлантскиот пат. Јас го потпишав, кај мене дојдоа Азир Алиу, поранешниот министер за администрација од Алтернатива, со генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, а другите го потпишаа неколку дена подоцна. Ова е вистината.“ – кажа лидерот на ДУИ и на „Европоскиот фронт“ Али Ахмети.





