„Оваа држава може да постои само врз разбирањето меѓу Албанците и Македонците, да не ги повторуваме грешките од минатото.“ – изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети. Изјавата на Ахмети ја објави информативната агенција на албански јазик Илирија-ИНА.
ИНА пишува: Лидерот на ДУИ Али Ахмети денес кажа дека нашата земја не треба да ги повторува грешките од минатото. Според него, не треба да ни се повторува минатото, бидејќи во многу историски моменти сме правеле грешки, поради противалбанските платформи. „Денес треба да се освестиме и да станеме одговорни, за да не станеме плен на секојдневната пропаганда, како што направи ВМРО ДПМНЕ со противалбанските политики, со кои предизвика гнев кај македонската заедница, правдајќи се дека наводно се бори против ДУИ. Но, всушност, тие се бореа против Албанците, а не против ДУИ.“
Тој додаде дека оваа држава може да постои, само ако двата најголеми народа се во хармонија и разбирање.





